Градежните компании кои градат станови ги разгледуваат можностите да ја симнат цената на квадратот до 900 евра, за да се вклопат во проектот "Купи куќа, купи стан", информираат од Градежната комора при Сојузот на стопански комори. И граѓаните се подготвуваат за субвенционираните станбени кредити, за кои аплицирањето треба да почне на 15-ти овој месец во осум деловни банки. Тие се распрашуваат каде можат да најдат новоизграден стан со цена на квадратот до таа која е лимитирана со проектот. Градежниците се категорични дека во центарот на Скопје и во неговата поширока околина не може да се постигне цена на изграден квадратен метар до 900 евра, пред се поради високата цена на земјиштето што го откупуваат од приватни сопственици, но понудата во внатрешноста на државата е голема. Во Скопје, новоградби со квадратен метар под 900 евра може да се најдат во населбата Припор, во подалечните делови на градот, а можно е такви станови да се продаваат и во делови од Ново Лисиче.
Градежните компании кои градат станови ги разгледуваат можностите да ја симнат цената на квадратот до 900 евра, за да се вклопат во проектот "Купи куќа, купи стан", информираат од Градежната комора при Сојузот на стопански комори.
И граѓаните се подготвуваат за субвенционираните станбени кредити, за кои аплицирањето треба да почне на 15-ти овој месец во осум деловни банки. Тие се распрашуваат каде можат да најдат новоизграден стан со цена на квадратот до таа која е лимитирана со проектот.
Градежниците се категорични дека во центарот на Скопје и во неговата поширока околина не може да се постигне цена на изграден квадратен метар до 900 евра, пред се поради високата цена на земјиштето што го откупуваат од приватни сопственици, но понудата во внатрешноста на државата е голема. Во Скопје, новоградби со квадратен метар под 900 евра може да се најдат во населбата Припор, во подалечните делови на градот, а можно е такви станови да се продаваат и во делови од Ново Лисиче.
Според информации од градежните компании, се прават математики цената на квадратот на становите што ги градат во втората зона на Ново Лисиче од сегашните 1.050 или 1.100 евра да се симне на 900 евра и така на клиентите да им понудат станови за кои ќе може да се добие субвенциониран кредит.
Сеат Кочан, претседател на Градежната комора при ССК смета дека проектот "Купи куќа, купи стан", за кој годинава од буџетот треба да се потрошат четири милиони евра и да се вдомат околу 200 илјади семејства, има перспектива. Со него ќе се зголемат градежните активности и кредитирањето, а и многу семејства на полесен начин ќе си обезбедат живеалиште. Ќе се зголеми конкуренцијата во градежништвото и меѓу банките. Сепак, Кочан нагласува дека државата со продажба на земјиште треба да им конкурира на приватните сопственици и да предизвика симнување на цената на плацовите, која сега е многу висока. Само така и во главниот град ќе може да се зголеми изградбата на станови, чија продажна цена ќе овозможи добивање субвенциониран кредит.
За да падне цената на станбениот квадрат потребни ни се евтини плацови. Добро е тоа што новоградбите ќе се продаваат со намалено ДДВ од пет отсто уште три години, но досега ефектот од 13 отсто од оваа мерка го "јадеше" скапо купениот плац. Државата не треба да им конкурира на приватните градежници со изградба на комерцијални станови, туку со продажба на евтино државно земјиште. Само така може да поевтини локацијата. Од 2008 година, по НАТО-самитот, цената на земјиштето почна да расте, а со тоа и становите. Ако тогаш сопственикот добиваше 17 до 20 отсто од вредноста на плацот, сега добива над 27 отсто. Во скопско Дебар Маало, сопствениците на плацови добиваат дури и 35 отсто - објаснува Кочан.
Градежниците го делат неговото мислење и постојано бараат државата да им понуди земјиште по пониска цена. Тие велат, дека во вредноста на изградениот објект, плацот учествува и со 60 отсто.